Фудбалскиот клуб Работнички од Скопје одигра 1-1 против Алтин Асир од Туркменистан на четвртиот пријателски натпревар на подготовките во Банско, Бугарија.

Единствениот гол за Работнички на овој меч го постигна Себастијан Херера од слободен удар во 45.минута од мечот.

Работнички предходно на подготовките во Банско го совлада Хапоел Нир Рамат Хашарон со 1-0, ремизираше 2-2 против Хапоел Рамат Ган и загуби од бугарскиот Септември со 1-3.

Тренерот Александар Влахо денеска ѕапочна со Шишковски, Шаркоски, Клисура, Херера, максимов, Стојков, Ацковски, Марковиќ, Тошевски, Јаго.