Работнички направи сериозна реконструкција во составот во зимскиот преоден рок, заслувања во играчкиот кадар но  и на клупата.

Баже Илијоски, поранешниот истакнат фудбалер на  Работнички е нов помошник на Достаниќ.

„Верувам дека со напорна работа Работнички ќе се врати на старите победнички патеки, а јас отворам еден нов сегмент во животот, во клубот кој дадов најмногу и како фудбалер. Не се сомневам дека ќе научам од Ратко Достаниќ и се надевам дека ќе можам да помогнам со моето досегашно искуство“, вели Баже Илијоски.

Работнички во зимската пауза доведе девет нови имиња, Јаник Дао (Австралија), Бранислав Трајковиќ (Србија), Драшко Ѓорѓевиќ (Србија), Христијан Пецов и Дин Аломеровиќ се засилувања за одбраната, Милош Тошевски, Јордан Ломба (Белгија) и Христијан Вецевски треба да ја засилат конкуренцијата во средниот ред, а Марио Крстовски кој дојде на позајмица од Академија Пандев е ново име во нападот на Работнички.