Колумбискиот фудбалски репрезентативец Радамел Фалкао е блиску до трансфер во турски Галатасарај.

Според информациите од оваа земја, турскиот клуб се договорил со 33-годишниот фудбалер за годишна плата од 7 милиони евра. Фалкао доаѓа како слободен агент од Монако. Клубот од Монте Карло сака да се ослободи од ветеранот и неговата висока плата со тоа што ќе го раскине договорот кој е со важност до 2020 година.

Минатата сезона Фалкао одигра 33 натпревари за оваа екипа и постигна 15 голови.