Сопственикот на Лацио Кладудио Лотито има рок од 30 дена да го продаде својот капитал во Салернитана. Лотито присилен за тоа поради правилото според кое еден човек не може во сопственост да има два клуба во Серија А.

Салернитана обезбеди пласман во Серија А следната сезона, што е прв ваков успех на тимот од сезоната 1998/99.

„Тоа е правило во склад со прописите на Светската фудбалска федерација (ФИФА), од каде не дозволуваат сопствеништво  на повеќе од еден клуб на професионално ниво“- изјави претседателот на Фудбалската федерација на Италија, Габриеле Гравина.

„Правилата се јасни, неговото сопствеништво не може да се продолжи, а ако се продолжи, би ја спречило Салернитана следанта сезона да учествува во Серија А“– додаде Гравина.