Италијанскиот фудбалски клуб Милан го комплетира трансферот на португалскиот младински репрезентативец Рафаел Леао кој доаѓа од Лил за вкупна сума од 35 милиони евра.

20-годишниот Леао минатата сезона играше во Лил и беше еден од најзаслужните што оваа екипа заврши на второто место на табелата зад шампионот Пари Сен Жермен.

Леао е третото засилување за Милан оваа лето после Раде Круниќ и Тео Хернандез. Во наредните денови според најавите се очекува и потпис на договор со Милан да стави и бразилскиот дефанзивец Лео Дуарте од Фламенго.