Поранешниот тренер на Лајпциг, Ралф Рагник смета дека Ливерпул ќе биде значително посилен со Тимо Вернер, доколку во летниот преоден рок дојде на „Енфилд Роуд“.

Германецот сезонава постигна 25.погодоци и се погласни се шпекулациите дека на лето ќе го засили Ливерпул.

„ Не е важно во која лига ќе игра, важен е клубот, но би сакал да го видам да биде во добри раце и екипа која не зависи само од поседот на топката. Под Нагелсман Тимо најмногу напредуваше, во брзата промена на движење и завршницата. Мислам дека во Ливерпул одлично би се снашол“-изјави Рагник.

Вернер во Лајпциг пристигна во 2016 година од Штутгарт и на 150 натпревари постигна 88.погодоци.