Англиската фудбалска репрезентација ќе настапи без Рахим Стерлинг во дуелот со Црна Гора во евроквалификациите.

Причина за ова е обидот за расчистување на сметките од дербито меѓу напаѓачот на Сити, Стерлинг и стоперот на Ливерпул, Гомез за време на првиот тренинг на „Гордиот Албион“.

„За жал емоциите од дербито сеуште се силни. Одлучивме да не го вклучиме Стерлинг за мечот со Црна Гора а за тоа добивме и подршка од репрезентатиците. Важно е да сме фокусурани за дуелот во четврток.“ – изјави Герет Саудгејт, селекторот на Англија.

Стерлинг и Гомез имаа „свои минути“ на „Енфилд“ викендов во победата на Ливепрул над Сити, епилог кој не му се допадна на напаѓачот кој се прослави во „црвениот“ дрес а сега ги брани боите на актуелниот шампион во Премиер лигата.