Мино Раиола со Хорхе Мендеш е еден од двајцата најмоќни фудбалски менаџери на светот. Шпанскиот весник АС со него објави големо интервју, а минаа повеќе теми.

Раиола говореше за своите клиенти, од Пол Погба и Златан Ибрахимовиќ до Ерлинг Халанд како нова ѕвезда на светскиот фудбал.

„Според мене Ибрахимовиќ и денес би имал место во Реал. Затоа што Златан не е створен на сила на филозофијата, тој е страшен играч како Бензема, Кристијано Роналдо, Пушкаш, Ди Стефано… Тие се чист талент, а Барселона е филозофија, идеја на игра, на која поединецот мора да се навикне. Големата разлика меѓу Реал и Барселона е таа што првата го пушти Кристијано да замине, а Барселона не сака да го пушти Меси затоа што тој е темел на нивната филозофија“– изјави Раиола запрашан за разликата меѓу Реал и Барселона, па се оврна и на Погба.

„Во врска со Погба најважно е она Јунајтед го сака, односно каде е тој во проектот на клубот. Погба го интересира само освојување Лига на шампиони, како и домашните трофеи, а ќе видиме на крајот дали е тоа возможно во Јунајтед или на некое друго место. Зошто Пол веќе не е во Мадрид? Тоа е прашање за Реал. Во еден момент момент Погба се заљуби во Јунајтед, иако имаше понуди од други клубови. Во следниот момент беше многу тешко Јунајтед и Реал да пронајдат решение околу трансферот, затоа што најголемите клубови не сакаат да ги продваат своите најдобри играчи на конкуренти. Знам дека најголем сон на Погба е да игра за Реал и дека Зидан му е идол, поради тоа сака да оди таму“– изјави Раиола.