Џеси Лингард прифатил да биде застапуван од контроверзниот фудбалски агент, Мино Раиола со цел да издејствува подобар статус во екипата на Солскјер или да добие нов клуб во кој ќе може да се врати во полна форма.

Островските медиумите тврдат дека управата на Јунајтед го вклучила во евентуалната трансфер делка со Лестер за ангажманот на Мадисон но ова најверојатно не му е по мерка на Лингард.

Раиола подолго време е во „војна“ со челниците на Јунајтед а неодамна јавно ги нападна за третманот кој го добива неговиот клиент, Погба.

Лингард е во Јунајтед од почетиците на неговата фудбалска кариера но откако во 2019 година не успеа да постигне ниту еден гол се поизвесно станува дека во следната сезона ако не и порано ќе игра за друг клуб.