Некое време го немаше во медиумите, но сега кога се појави повторно стана една од централните теми во фудбалот.

Тој се очекува да биде централна фигура и во следниот преоден рок, како и секако во текот на летниот.

Тој ги поседува правата на голем број од најголемите фудбалски ѕвезди, а еден од нив кој сигурно ќе биде меѓу најголемите непознаници е Ерлинг Халанд.

По молкот, тој откри во која земја бил заљубен Норвежанецот, велејќи дека тоа е Шпанија, каде за него интерес има од Реал Мадрид.

„Халанд ја обожава Шпанија. Сепак, без оглед на тоа се уште е рано да се зборува каде ќе игра следната сезона. Прерано е да се зборува за летниот преоден рок“– изјави Раиола.

За Халанд постои огромен интерес од сите најголеми европски клубови кои ќе издвојат „само“ 75 милиони евра за да го обезбедат неговиот потпис.