Менаџерот на Пол Погба, Мино Раиола повторно го врати статусот на Пол Погба во Манчестер Јунајтед, меѓу главните теми во Европа.

Раиола потврди дека по ЕУРО 2020 се може да се случи но не ја отфрли можноста неговиот клиент да остане на „Олд Трафорд“.

„Италија е како негов втор дом. Мислам дека нема да има ништо против да се врати во Јувентус но ќе видиме што ќе се случи после Европското првенство. Јас очекувам моите играчи и нивните клубови заеднички да се среќни. Не сакам да работам предвреме на трансфер на Погба, важно е тој да се врати во форма па да видиме што ќе се случи. Погба сака да игра на највисоко ниво но не може да избега од Јунајтед ако тие се во лоша позиција.“ – изјави Минао Раиола.

Погба се поврзува со трансфер во Јувентус и во Реал Мадрид иако засега нема конкретни чекори околу реализација на оваа најава.