Агентот на Донарума, Мино Рајола ја известил управата на Милан дека очекува неговиот клиент да добие плата од 10 миллиони евра според новиот договор.

„Росонерите“ по ова прифатиле само мало зголемување, од шест милиони евра колку што заработува според моменталниот договор а тој истекува летово, да му понудат осум милиони евра годишно и договор на пет сезони.

Донарума во „дуелот“ со навивачите признал дека сака да остане во Милан, но засега нема напредок во преговорите за нов договор.

Рајола од друга страна го уценува Милан, дека ако не се пласира во ЛШ, Донарума ќе го напушти клубот ова лето.