Ерлинг Халанд по Мбапе е фудбалерот за кој најмногу се зборува а секојдневно има најразлични шпекулации со неговата иднина во Борусија Дортмунд.

Повеќе тимови од Европа јавно потврдија дека го следат неговиот развој како што се Реал Мадрид, ПСЖ, Манчестер Јунајтед и Јувентус.

Неговиот менаџер, Мино Рајола неодамна изјави дека Халанд се уште нема одлучено што сака да прави во следната сезона и дали ќе остане во Борусија, и меѓудругото се обиде да ја подигне цената на неговиот перспективен клиент.

„Очигледно е дека секој го гледа Халанд како ѕвезда во иднина, затоа што игра на уникатен начин. Тој ќе биде еден од ѕвездите во следната декада кои ќе ги заменат Ибрахимовиќ. Роналдо и Меси. Само десет клубови може во моментов да си го дозволат Халанд. Четири од нив се од Англија.“ – изјави Мино Рајола.