Менаџерот на Златан Ибрахимовиќ, познатиот Мино Рајола демантираше дека Швеѓанецот бил понуден на Бока Јуниорс.

Рајола на твитер напиша дека тоа никогаш не се случило, воедно тој потврди дека Ибрахимовиќ  не бил понуден на ниту еден друг клуб, во моментов игра за ЛА Галакси каде го очекува плеј-оф во МЛС лигата во САД.

Шпански „АС“ неодамна напиша дека Ибрахимовиќ е во преговори со легендарниот клуб од Аргентина.