Мино Рајола најави трансфер „бомба“, Пол Погба би можел да се врати во Јувентус, но тоа ќе случи следната сезона.

Погба е под договор со Јунајтед до јуни 2022 година, може слободно да потпише преддоговор со друг клуб во јануари и да го напушти „Олд Трафорд“ .

„Сакам прво да  разговараме со Манчестер јунајтед и ќе видиме што ќе се случи. Пол сè уште го сака Торино. Да, постои шанса Погба да се врати во Јувентус“  – рече Рајола за „Раи Спорт“.