Реал Мадрид не успеа да стигне до финале во Лигата на шампионите, прв кој треба да ги напушти „кралевите“ е Еден Азар, Белгиецот недолично се однесуваше на натпреварот со Челси.

Азар сега е поврзуван со размена на играчи во кои тој би заминал кај Јунајтед, во обратен правец плус одредена сума би заминал Пол Погба.

Кога е во прашање Мино Рајола се е можно, познатиот менаџер не ја исклучува можноста за продажба на Погба во која би вклучен и Азар.

„Погба во Реал не е невозможна работа, тешка, но не е невозможна“ – изјави Рајола.