Агентот на Пол Погба потврди дека фудбалерот на сите начини ќе се обиде да замине од Манчестер Јунајтед и го поддржува во таа намера.

„Искрено, Пол и јас се согласуваме дека Манчестер Јунајтед не излезе тоа што очекувавме и што мислевме дека ќе биде. Тие се во стагнација и не сакам најдобрите години од талентите на Пол да бидат потрошени на „Олд Трафорд“. Тој сигурно заслужува многу подобро.“ – вели Рајола.