Мино Рајола е еден од најголемите и најдобрите менаџери во фудбалот, за магазинот од Белгија „Sport-Voetbalmagazine“ изјави дека тој е главен играч на трансфер пазарот.

Златан Ибрахимовиќ, Матијс Де Лихт, Џанлуиџи Донарума се дел од агентите кој Рајола ги застапува на фудбалската берза.

„Зад сцената се случуваат многу работи, јавноста не ги знае, се работи интензивно, има многу сопки, родителите се често со барања надвор од фудбалот, мора да се биде внимателен“ – изјави Рајола.

Рајола за себе тврди дека е еден од главните играчи на фудбалската берза, за Пол Погба вели дека е несреќен, не се заканил на никого во Јунајтед но најави дека Французинот е на излезна врата од клубот во Манчестер.