Иван Ракитиќ е ни на небо ни на земја, едноставно не знае што се случува, ќе остане или ќе замине од Барселона е прашањето кое го мачи.

Хрватот беше на излезна врата кај Барселона но на последните два меча средбите ги започнуваше од првата минута, во Лигата на шампионите против Борусија од Дортмунд и во Ла Лига против Атлетико.

„Не знам што се случува, искрено не знам дали ќе останам во Барселона, тоа што го знам е дека ова е најдобриот клуб на светот“ – беше искрен Ракитиќ.

За Хрватот се заинтересирани клубови од Италија и Англија, Ракитиќ сака да остане во Барселона, има 31 година.