Хрватскиот репрезентативец, Иван Ракитиќ нема намера повеќе да чека шанса во првиот тим на Барселона.

Прелјмејкерот го известил неговиот агент да му бара нов клуб, а трансферот да биде реализиран во зимскиот преоден рок.

Ракитиќ го загуби првотимскиот статус на „Камп Ноу“ по пристигнувањето на Френки Де Јонг па она што го најавуваше во август ќе го реализира на почетокот од 2020 година.

Неофицијално, Барселона за Ракитиќ бара 40 милиони евра а заинтересирани се Интер, Јувентус, Баерн Минхен, Манчестер Јунајтед и Монако.