Иван Ракитиќ добива се поголема минутажа кај Барселона, одигра три натпревари во низа  ја врати самодовербата и сега станува неизвесно дали ќе ја напушти Шпанија.

„Марка“ тврди дека Ернесто Валверде има се поголема доверба во Ракитиќ, не е стандарден првотимец но Хрватот настапи на 14 натпревари во Ла Лига и Лигата на шампините сезонава.

Кризата е надмината, Ракитиќ има понуди од Италија и Англија која сепак не е голема опција за него од семејни причини, јануарскиот преоде рок ќе ја одреди судбината на Хрватот.