Шпанскиот фудбалски тим Барселона има големи амбиции за следната сезона. После доаѓањето на Гризман, Каталонците сакаат да доведат уште некое име, но ќе мора да продадат некои од своите ѕвезди.

Каталонските медиуми пренесуваат дека раководството на тимот донело одлука да ги стави на трансфер листата Бразилецот Филипе Кутињо и хрватскиот репрезентативец Иван Ракитиќ.

За Бразилецот Барселона бара 100 милионие евра, додека Ракитиќ може биде продаден за понуда од 50 милиони евра.

За двајцата фудбалери има голем интерес од европските фудбалски гиганти.