Хрватот Иван Ракитиќ има две отворени понуди од Англија, Тотенхем и Манчестер Јунатед се во трка за потпис но тој засега не сака да ја напушти Барселона.

Ракитиќ сака да остане во Барселона па не го интересираат понуди од Англија, има намера да го одработи договрот во целост.

Јунајтед и Тотенхем од Англија, Интер и Јувентус од Италија и Атлетико Мадрид од Шпанија се клубовите кои изразија желба да го видат во своите редови.

Ракитиќ има договор со Барселона до 2021 година, ја отфрли можноста да го напушти клубот ова лето.

„Разговарав со раководството на клубот пред 10-15 дена, јасно им кажав дека немам намера да заминам ова лето, мојот договор е до 2021 година и ќе го одработам во целост“ – изјави Ракитиќ за медиумите во Хрватска.