Иван Ракитиќ изјави дека по неочекуваниот пораз на Барселона од Гранада со 1:2, фановите на Севиља сонуваат за титулата на клубот од Андалузија.

На пет кола пред крајот на табелата Севиља е четврта, но има само три бода помалку од лидерот Атлетико, а од второ и третопласираните Реал Мадрид и Барселона имаат само еден бод помалку.

„Во тимот има добра атмосфера. Во преостанатите пет кола треба да уживаме и да се трудимеп повеќе отколку било кога, па публиката нека зборува за нас и нека ужива. И секако нека сонуваат. Да се сонува е секогаш добро. Ние не треба да гледаме што прават другите, туку да се концетрираме на нашите натпревари, кои се доволно комплицирани. Тие бараат голем напор па смееме да губиме сила на размислување за други работи, за тоа што треба или не треба да направат другите тимови, како би стигнале до врвот“- изјави хрватскиот играч од средниот ред за радиото Онда Серо.

Вели дека е задоволен што е исполнета првата цел на Севиља, да се обезбеди пласман во Лигата на шампионите, порачувајќи дека доколку збори за титулата од клубот ќе му се налутат, но сепак малку проговори, велејќи дека сега мора да се подготват за Атлетик Билбао.

„Оваа недела мора добро да се подготвиме и силно да тренираме за тој натпревар затоа што станува збор за добар противник. Не смееме да говориме за титулата затоа што во клубот ќе се налутат, ама кажувам, мораме да работиме посилно отоколку било кога, да влеземе во натпреварите гладни за победа и да им овозможиме на фановите и навивачите уживање“– кажа Ракитиќ кој минатото лето пристигна од Барселона.