Играчот за врска на Барселона, Иван Ракитиќ, по крајот на сезоната најверојатно ќе премине во Атлетико.

Како што јавува Marca, 31-годишниот Хрват веќе ги договори деталите околу трансферот со Атлетико. Тоа се случи уште на 20 февруари, кога дошло до средба меѓу Ракитиќ и претставниците на Атлетико.

Првенствена желба на Хрватот е да остане во Ла Лига, а неговото семејство веќе разгледува куќи во близина на Мадрид.

Ракитиќ со Барселона има договор до 2021 година, па сега двата клуба треба да ја договорат сумата за трансферот на фудбалерот.