Хрватот Иван Ракитиќ медиумите од Европа секој ден го селат во некој клуб, се пишуваше често дека ја напушта Барселона, со многу комбинации.

Милан, Интер, Јувентус, Манчестер Јунајтед и ред други клубови веќе „имаа потпис“ со Ракитиќ, па дури и договор, но Хрватот кажува нешто друго.

„Се навикнав да го има моето име насекаде, тоа не е ништо ново. Сакам да потенцирам дека имам договор со Барселона до 2021 година и имам намера да го одработам во целост. Разговарав со претседателот на Барселона и тренерот, не ми рекоа дека треба да си одам, се надевам дека наскоро јавно ќе демантираат дека сум на продажба“ – изјави Ракитиќ.