Иван Ракитиќ се наоѓа на излезните врати од „Ноу Камп“, иако тој самиот во повеќе наврати изјави дека сака да остане во шпанскиот гигант.  Хрватот е во немилост од Валверде, кој сезонава им дава повеќе шанса на младите таленти, а поранешниот фудбалер на Шалке е во втор план.

Според последните информации Ракитиќ нема да се пресели во Јувентус, бидејќи за него понуда од 40 милиони евра подготвува Атлетико Мадрид. Диего Симеоне не е задоволен од Љоренте кој пристигна од Реал Мадрид, а Ракитиќ  е идеална замена за младиот шпанец.

Ракитиќ во летниот преоден рок го одби ПСЖ надевајќи се дека ќе ја врати довербата во Валверде, но од тоа засега нема ништо.