По потписот на Арон Ван Бисака, Манчестер Јунајтед сега ќе се обиде да донесе фудбалер од средниот ред.

Каталонскиот весник „Спорт“ пишува дека Манчестер Јунајтед повторно ќе се обиде да го доведе во своите редови фудбалерот на Барселона, Иван Ракитиќ.

Наводно „ѓаволите“ биле подготвени за услугите на хрватскиот интернационалец да платат сума од околу 35 милиони фунти, но истата не била прифатлива за раководството на ,Каталонците кои за Ракитиќ барале најмалку 50 милиони евра.