Иван Ракитиќ на гостување во „Bleacher Report“ даде изјава со која можеби најави доаѓање во Јувентус.

Хрватот во интервјуто изјави дека најпотценет фудбалер на светот е Миралем Пјаних, најдуховит, Дани Алвеш…

Ракитиќ најави дека би сакал да игра во ист тим со Роналдо.

„Секако би сакал да играм во иста екипа со Роналдо, кој не би сакал, тој е еден од најдобрите играчи на сите времиња…Секој играч би требало да биде подгтовен на трансфер во секој момент“ – изјави меѓу другото Ракитиќ.

Хрватот во Барселона  во вториот дел од првенството доби поголема минутажа со новиот тренер, претходно беше отпишан од Валверде.

Целото интервју можете да го прочитате ОВДЕ.