Хрватскиот репрезентативец, Иван Ракитиќ оваа сезона одигра 12 натпревари за Барселона но и покрај тоа креативецот е решен да го промени клубот оваа зима.

Шпанска „Марка“ пренесува дека Ракитиќ во јануари планира да прифати една од опциите кои ги има. Манчестер Јунајтед, ПСЖ и Јувентус се клубовите кои се заинтересирани за Хрватот.

Со евентуалното заминување на Ракитиќ во тимот на Валверде во средниот ред ќе се отвори повеќе простор за Роберто кој сега игра на позицијата десен бек.