Раководството на Баерн Минхен ги оствари првите преговори со Жозе Мурињо, кој во моментот е најсериозен кандидат да ја превземе клупата на Германскиот гигант.

Португалецот наводно ги соопштил неговите барања, а главен услов на „Специјалниот“ бил да добие договор до 2022 година, а раководството на „Баварците“ оставија простор, но одлуката ќе ја донеселе наредните неколку дена.

Се очекува Минхенски Баерн во текот на репрезентативната пауза да го соопшти заменикот на Нико Ковач, кој беше отпуштен по дебаклот кој го доживеја од Ајнтрахт Франкфурт со убедливи 1-5.