Групацијата Елиот кои се сопственици на Милан сака спортскиот директор Паоло Малдини да остане во клубот, и покрај тоа што вчера беше отпуштен  Звонимир Бобан.

Бобан вчера и официјално беше отпуштен од првите луѓе на „росоњерите“, а Хрватот ја обвини американската компанија дека „им работи зад грб“ на тренерот Пиоли, откако стапија во контакт со германскиот тренер Ралф Рагник.

„Tuttosport“ пренесува дека Елиот би сакал Малдини да остане во клубот, и покрај откачувањето на Бобан. Сепак, дневниот весник во Торино тврди дека Малдини сè уште не разговарал со извршниот директор Иван Газидис.