Серхио Рамос, актуелниот капитен на Реал Мадрид, добил понуда која не се одбива од ПСЖ, годишна плата од 15 милиони евра за потпис со „светците“.

Реал Мадрид не сака да преговара со својот капитен за договор над една година, тоа го мотивира Рамос да преговара со други клубови, има 35 години и е желба на ПСЖ кој не жали средства да го донесе во Париз.

Според медиумите од Франција, ПСЖ и Рамос наголемо преговараат, се очекува набрзо да биде склучен договор.