Капитенот на Реал Мадрид, дефанзивецот Серхио Рамос е во интензивни преговори со Флорентино Перез, нема детали но „Марка“ пишува дека најверојатно ќе дојде до пресврт.

Рамос има 34 години, во Реал е од 2005 година, бараше од „кралевите“ нов договор на две сезони, но првичниот одговор е дека може да добие понуда на една сезона.

Реал Мадрид преку својот претседател, Флорентино Перез, интензивно преговара со Рамос, најважно од се е што разговорите никогаш не биле прекинати, а Марка тврди дека е извесно, капитенот на „кралевите“ останува во клубот.