Шпанскиот репрезентативец, Серхио Рамос, никако да фати ритам по преселбата во Франција, во редовите на ПСЖ.

Откако по четири месеци дебитираше во новиот клуб, повторно се повреди на мечот со Сент Етијен, и поради ова го чека нова пауза.

„Мора да внимаваме на премореноста не неговите мускули, затоа што Рамос неодамна се врати по долга пауза. Нема да настапи против Ленс, но очекуваме наскоро да се врати на тренинг.“ – велат од ПСЖ.