Новиот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ралф Рангкинг беше прецизен и одмерен на првата официјална прес конференција како предводник на „Црвените Ѓаволи“.

„Ако се мине добро, ќе го искористам тоа од минатото, што се случуваше во Лајпциг. Можеби ќе биде за мене да работам тука како прв тренер уште една година, но сето ова е хипотетички.  Договорен сум за шест месеци. Следниот натпревар е мојот главен фокус. Роналдо ме вчудоневиди, во второто полувреме, за некој што има 36 години, не сум видел играч на негова возраст што е така подготвен. Тој може да прави разлика. Не го сакам зимскиот преоден рок, тогаш не е време за засилувања. Јас сум тука да го поставам темелот, не смееме да примаме толку голови. Мора да играме како тим, заедно, тоа е нашата главна задача.“ – изјави Рангник.

Тој потврди дека се обидел да го убеди Карик да остане во клубот но тоа било без успех.