Репрезентативецот на Англија, Маркус Рашфорд е херојот на Манчестер Јунајтед во однос на одвоените три бода на гостувањето кај ПСЖ во Лигата на шампионите.

Легендите на Јунајтед немаа забелешка во однос на прикажанот од младиот напаѓач кој уште еднаш се докажа во натпревари со висок интензитет и голем притисок.

Фердинанд и Невил посочија дека Рашфорд треба да научи да постигнува „грди“ голови и да со тоа ќе стане напаѓач од светски ранг.

„И двата тима имаа шанси за да победат на натпреварот. Како напаѓач, во таа фаза од мечот, тоа е тој менталитет. Можеби ќе имаш само една шанса – онаа која ќе ти донесе три бода.“ – изјави Рашфорд.