Eден од најдобрите фудбалери на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд верува дека неговиот тим може по крајот да заврши меѓу најдобрите четири во Премиер Лигата, иако во моментот имаат заостанување од огромни 10. бода во однос на местата кои водат во Лигата на шампиони.

„Црвените ѓаволи“ многу лошо ја отворија сезоната и после првата третина се наоѓаат на средина од табелата, но Рашфорд е оптимист.

Ќе биде многу тешко, но не е невозможно. Не треба да се фокусираме на другите тимови. Го играме најубавиот фудбал кога се фокусираме на нас самите. Тоа е единствениот начин Манчестер Јунајтед да игра убав фудбал, а ние мора да се вратиме на тие патеки“- истакна Рашфорд.