Репрезентативецот на Англија, Маркус Рашфорд наскоро ќе биде подготвен за настап откако успешно ја минал рехабилитацијата по операцијата на рамото.

Крилниот напаѓач на Манчестер Јунајтед од денеска тренинира во полн ритам откако докторскиот тим на клубот дал дозвола за подготовки со контакт.

„Среќен понеделник. Се видов со докторот во петокот за консултација. Се минува добро, добив зелено светло да му се приклучам на тимот на тренинг во полн ритам.“ – изјави Рашфорд.

Во меѓувреме Јунајтед остана без Лук Шо и Мегваер кои се повредија на натпреварот со Астон Вила.