Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд одигра перфектно против Лајпциг, влезе во игра во второто полувреме, постигна хет-трик (74 мин, 78 мин и 92 мин) и беше прогласен за играч на натпреварот.

„Не можам да престанам да се смеам. Чекав долго време за ова, посакувам навивачите да беа тука и заедно да го доживемее овој момент.“ – напиша Рашфорд.

Солскјер по мечот побара од Рашфорд да го задржи фокусот и да оди чекор по чекор, но да продолжи да верува во себе и во тимот.