Маркус Рашфорд потпиша нов договор и ја продолжи соработката со Манчестер Јунајтед.

Како што соопштија од клубот, новиот договор е потпишан до 2023 година со клаузула со која Јунајтед ќе може да потоа да го продолжи на уште една година.

Дваесет и едно годишниот играч е производ на академијата на Манчестер и тој е во клубот од неговата седма година.

„Манчестер Јунајтед ми е се во животот од моето доаѓање тука на 7 години. Овој клуб ме обликуваше и како играч и како личност, па оттука е привилегија секоја можност да го носам дресот на клубот. Му благодарам на Оле и неговиот тим за сѐ што имаат направено за мене, тие се одличен тим на тренери од кои се учи. Ќе дадам сѐ од себе за клубот да се врати таму каде што припаѓа.“ – изјави Рашфорд по денешното потпишување.

Тренерот на Јунајтед, Оле Гунер Солскјер истакна дека Маркус е еден од најталентираните англиски фудбалери од неговата генерација.