Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд потврди дека во екипата недостига лидер кој во одреден период од натпреварите ќе ги натера неговите соиграчи да го следат ритамот и со помош на квалитетитети во нападот ќе се погрижат да остварат победа.

Манчестер Јунајтед викендов на гостувањето кај Шефилд Јунајтед направи пресврт за седум минути поведе со 3:2 а во последната минута од мечот прими гол и освои само бод.

„Имаше доволно време по мојот гол, но ние моравме да увидиме дека во остатокот од мечот можеме да постигнеме уште еден или два гола. Во вакви мигови ни недостига некој што ќе ни каже да притиснеме и да продолжиме да напаѓаѓаме затоа што тоа е нашата сила, најдобра страна.“ – изјави Рашфорд.

Јунајтед по 13 кола во Премиер лигата има четири победи пет нерешени и четири порази и се наоѓа на деветото место со 17 бода, дваесет помалку од лидерот Ливерпул. Во следното коло на 1 декември, „Ѓаволите“ ја дочекуваат Астон Вила.