Крилниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Маркус Рафорд ќе мора да паузира околу три месеци.

Ова е прогнозата откако репрезентативецот на Англија решил да ги послуша лекарите и да замине на операција на рамото.

Постоеше дилема дали да се оперира или да се обиде на поинаков начин да ја санира повредата, но одлуката паднала на опцијата која носи пауза од три месеци.

Рашфорд се очекува да ги пропушти воведните 11 натпревари во Премиер лигата и во Лигата на шампионите.

Солскјер се очекува на позицијата на Рашфорд да ги ротира Марсијал, Еланга и Џејмс кој пак дели место со новото засилување Санчо.