Катастрофалните резултати на Арсенал резултираат и со големо незадоволство не само кај фановите, туку и кај фудбалерите. Еден од најдобрите фудбалери на „топџиите“ не се гледа веќе на „Емирати“ и нема да го продолжи договорот со Арсенал.

Габонецот е голема желба на Реал Мадрид, се чини и самиот напаѓач има нескриена желба да се пресели во редовите на „Кралскиот клуб“. Во минатото Обамејанг додека настапуваше за Борусија Дортмунд, исто така се поврзуваше со Реал Мадрид кои на крајот се откажаа од борбата за неговиот потпис.

30. годишниот напаѓач има уште 18. месеци од својот актуелен договор со Арсенал, откако му се приклучи на Премиерлигашот по трансферот од Борусија Дортмунд во 2018. година за околу 60 милиони фунти.