Организаторот на Серија А има план да состави распоред според кој секој ден ќе има барем по еден натпревар откако натпреварувањето ќе продолжи.

Според „Кориере Дело Спорт“ од 20 јуни па до крајот на доигрувањето на сезоната, секој ден ќе имаме можност да гледаме фудбал од елитата на Италија.

Предвиден е термин за Серија А во понеделник од 21 часот, вторник, среда и четврток ќе се игра од 19 и од 21 часот, во петок терминот е од 21 часот додека сабота и недела ќе се игра во три термини 17:15, 19:30 и 21:45 часот.

Ова се прави за да се задоволатат апетитите на ТВ куќите кои ќе ги пренесуваат натпреварите и истовремено да се заштити здравјето на играчите.