Централниот бек на Наполи, Раул Албиол наскоро ќе го комплетира трансферот во Вилјареал.

Поранешниот играч на Валенсија и на Реал Мадрид ќе се врати во Ла лига откако „Жолтата подморница“ решила да ја активира откупната клаузула од 12 милиони евра.

Шпанските медиуми тврдат дека ова нема да биде последно засилување за Вилјареал во овој преоден рок, наскоро ќе биде промовирано нови име кое ќе фигурира во нападот.