Некогашната шпанска фудбалска легенда и икона на најтрофејниот фудбалски великан Реал Мадрид, Раул Гонзалес е именуван за нов тренер на вториот тим на кралевите попознат како Реал Мадрид Кастилја.

Раул е рекордер во дресот на кралскиот клуб со 741 настап, а воедно е и втор стрелец во историјата на тимот со 323 постигнати гола.

Кастилја сезонава не успеа да се пласира во Сегунда, па главна цел на Раул Гонзалес ќе биде да го врати тимот во Втората шпанска лига.