33 годишниот фудбалер на ПСВ Еран Захави преживеал вистинска драма. Додека се подготвувал за првенствениот меч против Вилем Втори, непознати сторители влегле во неговата куќа и ги заробиле неговата сопруга и децата.

Разбошјниците наводно глумеле доставувачи на пакети и по влегувањето во куќата ги врзале сопругата на Захави, осумгодишниот син и петгодишните близнаци.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ✨ Shay Zahavi ✨ (@shayzahavi)

Преку устата му ставиле селотејп и им се заканувале со огнено оружје. За среќа, откако им украле поголема сума на пари и други вредни работи, избегале без никого физички да повредат. Холандската полиција трага за двајца сторители на возраст од околу 20 години.

„Вчера како семејсрво доживеавме нешто ужасно. Местото каде бевме најсигурни на свет беше место на грабеж и напад. Најважно е што сме физички добро, а на менталното здравје ќе мора да поработиме сите заедно“- напиша Шеј Захави, сопругата на Еран Захави.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ✨ Shay Zahavi ✨ (@shayzahavi)

Израелскиот напаѓач пристигна во ПСВ минатата година од Кина. Во 23 настапи оваа сезона постигна 10 голови.