Најдобриот новинар кога се во прашање трансферите, Фабрицио Романо, јавува дека е прашање на часови кога Аталанта ќе ја прифати понудата на Тотенхем од 50 милиони евра за својот дефанзивец Кристијан Ромеро.

23 годишниот аргентински стопер договорил се со Тотенхем, каде ќе премине по само една година мината во Бергамо.

Ромеро не е единствен играч од Серија А кој е цел на белите на од Лондон. Нуно Еспирито Санто го сака и 21 годишниот напаѓач Душан Влаховиќ, кој минатата сезона со игрите и головите за Фиорентина предизвика споредби со Златан Ибрахимовиќ. Тотенхем го сака без разлика на тоа дали ќе остане Хери Кејн или не.

Покрај овие двајца последниве денови со Тотенхем се поврзуваат и двајца играчи на Вулверхемптон, капитенот Конор Коади и Адама Траоре.