Дејли Мејл пишува дека Арсенал договорил се со Брајтон околу трансферот на Бен Вајт.

Стоперот до крајот на денот би треабало да ги заврши лекарските прегледи и потоа да потпише договор со Арсенал, со што ќе се финишира трансферот вреде 55 милиони евра.

Инаку, Вајт има само една сезона зад себе во Премиер лигата и два настапи за репрезентацијата на Англија, но и иако беше на списокот не настапи ниту еднаш на ЕУРО 2020.

Вајт од Саутемптон во 2014 година премина во редовите на Брајтон. Ја мина младата селекција, а потоа како позајмица замина во Њупорт, Питербароу и Лидс. Минатата сезона беше стандарден играч во одбраната на Брајтон во Премиер лигата.